Една од најсексапилните руски манекенки и новата девојка на Фернандо Алонсо, жешката Викторија Одинцова, ги шокираше своите Инстаграм пријатели со фотки и снимки на кои си ја бара бељата со боринче, играјќи си со животот на еден од облакодерите во Дубаи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После опасната акробација која ја изведе пред шест дена, 22-годишната убавица од Санкт Петербург не престанува да објавува фотки од адреналинскиот и опасен потфат. „Уште не можам да поверувам дека го направив тоа. Секогаш кога ги гледам сликите и снимките, ми се потат дланките“, напиша таа под последната објава, а обожавателите јасно порачаа што мислат за нејзиниот потфат.
„Ова е ужасен пример за младите; Ова е толку глупаво што немам зборови. Како 11-годишно дете кое по секоја цена сака да привлече внимание; Изгледа Бог ти подарил убавина, ама не и мозок“, се само некои од коментарите.