Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
На денешната прес-конференција за медиумите на прашањата на новинарите одговараше Езгјан Алиоски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алиоски зборуваше за натпреварот кој следи со Украина, но и за ситуацијата со Арнаутовиќ.
„Имавме некои расправии за време на натпреварот и тоа е нормално, добро е што разговаравме после натпреварот. Не сакам да шепекулирам во таа цела гужва што тој ми кажа, УЕФА има снимки и ќе се анализира, за тоа ќе одлучат УЕФА и федерацијата.
Како против Украина?
„Треба да ја играме нашата игра, со Австрија не бевме лоши, но примивме втор и трет гол. Важно е да се фокусираме на Украина како тоа да е финале и да веруваме дека можеме да се пласираме во следната фаза. Украина игра моќен фудбал, имаат опасен напад ако им дозволиме да играат напаѓачки фудбал. Од друга страна ние треба да одиграме тактички добро. Тие сепак, постигнаа два гола со Холандија и тие се фаворити и мислам дека е добро што е така“.
„Дури и да одигравме најдобро со Австрија, во следниот натпревар треба да бидеме уште подобри.Она што треба е да се фокусираме на себе, имаме квалитет да одиграме добар натпревар, треба да ја задржиме вербата и да ја играме нашата игра. Не можеме да кажеме дека после само еден натпревар имаме искуство. Европското првенство е еден голем настан и голем предизвик, но на крај се е во главата на играчите, секоја натпревар треба да се игра како да е финале“.
„Ние 70 минути игравме навистина одлично, но тоа е фудбалот, можеш да бидеш добар 90 миниту ии во последните две минути да изгубиш концентрација и да примиш гол. Како и да е треба да се фокусираме на следниот натпревар и добро е што ова се случи на првиот дуел“, изјави Алиоски.