Севиља може да ја победи конкуренцијата за потписот на дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак.
Според информациите на „Билд“ Севиља во Кабак гледа идеална замена за Жил Кунде, кој е пред трансфер во Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кабак последната полусезона ја помина на позајмица во Ливерпул, но не ги убеди „црвените“ да го откупат неговиот договор.
Сега Севиља е во пол-позиција за неговиот потпис и се очекува трансферот да виде комплетиран во следните неколку дена за 17 милиони евра.
Жил Кунде веќе ги договори личните услови со Челзи и е пред трансфер на „Стенфорд Бриџ“.