Во Берлин и официјално започна 26-то Светско ракометно првенство со натпрварот помеѓу домаќинот Германија и Кореја.
„Панцирите“ од стартот покажаа дека имаат големи амбиции па го декласираше обединетиот тим на Кореја, кој за прв пат настапува на едно светско првенство.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Германија на крајот славеше со резултат 30:19, но треба да се напомене дека Корејците не се реално мерило за силата на „Панцирите“.
Германија доминираше од првата до последната минута, а посебно се истакна Уве Геншајмер со седум гола, додека Колнахер и Фат мечот го завршија со по 4 гола.
Во наредното коло Германија игра против Бразил, а Кореја ќе ги одмери силите со Русија на 12-ти јануари.