Термниот во 17:00 часот во четвртиот ден од Мундијалот беше резервиран за натпреварот помеѓу актуелниот светски шампион Германија и секогаш незгодните Мексиканци.
Овој натпревар започна навистина отворено, како и што најавуваше селекторот на Мексико, не се исплашија од Германците. Во натпреварот влегоа силно со голема желба за изненадување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се редеа шанси пред едниот и пред другиот гол, се играше без калкулирање. Мексико беше посебно опасен преку контра нападите.
Токму една таква контра беше кобона за светскиот шампион. Брзата контра на Мексико со егзекуција ја заврши најмладиот играч во оваа селекција, Лозано во 35 минута од средбата.Во
Само неколку минути подоцна Тони Крос имаше изведе одличен слободен удар, но Гиљермо Очоа покажа дека не случајно во 2014 година беше еден од најдобрите голмани на Мундијалот во Бразил.
Во вториот дел гледавме нешто посмирена игра, Германија се обидуваше создаде и неколку сериозни прилики, но на крајот резултатот остана 1:0.
Треба да се истакне во 72 минута легендарниот Рафаел Маркез влезе во игра и го запиша својот петти настап на светските првенства.