Во утринските часови поточно во 06.45 часот по македонко време Дејан Георгиевски ја имаше првата борба на Олимпискиот турнир во таеквондо и истата ја заврши триумфално.
Македонскиот таеквондист, еден од најголемите наши адути за освојување на олимписки медал го совлада актуелниот светски шампион во првото осминафинално коло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Георгиевски во категоријата над 80 кг. успеа после три рунди со резултат 11:8 да го елиминира Рафаел Јуниер Кастиљо Алба од Куба.
Следен ривал според програмата од 08.45 часот по македонско време во четвртфиналето ќе биде претставникот од Брегот на Слоновата коска Сејду Гбане кој беше подобар од Разак Абдул Алфага Исуфу од Нигер со 15:9.
Дефинитивно Георгиевски после оваа борба докажа има сериозни амбиции да се бори за медал во Токио.