Дома Македонски спорт Сањол: Македонија е најдобриот тим во групата, но сега ние сами одлучуваме за првото место

Сањол: Македонија е најдобриот тим во групата, но сега ние сами одлучуваме за првото место

Од Тбилиси Јовица Симоноски

Македонската репрезентација утре во Тбилиси го игра натпреварот против Грузија во рамките претпоследното коло од групната фаза во Лигата на Нации.

На прес-конференцијата пред натпреварот селекторот на Грузија изјави дека за него Македонија е најдобриот тим во групата.

„За мене Македонија беше најдобриот тим во групата пред почетокот на натпреварите. Играа на Европско првенство и имаат одлична група на фудбалери. Но, сега сме лидери во групата, сами одлучуваме за првото место и ќе бидеме многу разочарани ако не успееме да завршиме први“.

Сањол е задоволен од формата на фудбалерите.

„Имавме само еден заеднички тренинг пред овој натпревар. Без задоволен од тоа што го видов. Мечот ќе биде на високо ниво, со голем интензитет. Ќе видиме колку ќе биде поразличен од јунскиот за нас или за Македонија.

18 месеци пред да дојдам на селекторското место, ситуацијата во тимот беше многу поразлична. Среќен сум што работам со група на млади одлични фудбалери кои имаат важна улога во своите тимови“, изјави селекторот на Грузија.

Натпреварот против Грузија Македонија го игра утре во терминот од 18:00 часот. Грузија на табелата е прва со 10 бода, ние сме втори со седум и токму затоа ние немаме друга опција освен победа ако сакаме да останеме во игра за тоа прво место кое води во баражот за Европското првенство 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Претседателот на Интер лут на тренерот Инзаги

Притисокот врз тренерот на Интер, Симоне Инзаги се повеќе се зголемува после серијата на л…