Дома Фудбал Репрезентации Саутгејт го објави моќниот состав со кој Англија ќе ја пречека Македонија

Саутгејт го објави моќниот состав со кој Англија ќе ја пречека Македонија

Англискиот селектор Герет Саутгејт го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари на Англија во квалификациите за Европското првенство.

Македонија ќе биде еден од противниците на „Гордиот Албион“ во овој јунски циклус. Македонската репрезентација ќе игра против Англија на 19-ти јуни на „Олд Трафорд“.


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


За овој натпревар голмани кај Англија ќе бидат: Сем Џонстон, Џордан Пикфорд и Арон Рамсдајл.

Трент Александер-Арнолд, Луис Данк, Марк Гуеи, Хари Мегваер, Тајрон Мингс, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипие и Кајл Вокер ја сочинуваат одбраната.

Во средниот Сатугејт смета на: Џуд Белингам, Еберечи Езе, Конор Галагер, Џордан Хендерсон, Калвин Филипс и Деклан Рајс.

Фил Фоден, Џек Грилиш, Хари Кејн, Џејмс Мeдисон, Маркус Рашфорд, Букајо Сака и Калум Вилсон, се напаѓачите во неговиот состав.

Македонија освен со Англија ќе игра и против Украина, тој натпревар го играме на домашен терен. Ќе потсетиме, во нашата квалификациска група се уште Малта и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан ја сака ѕвездата на Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Таму Аб…