Дома Фудбал Италија Сари: Титулата ја загубивме во хотелот

Сари: Титулата ја загубивме во хотелот

Тренрот на Наполи, Маруицио Сари смета дека неговиот тим остана без титулата во хотелот.

Невообичаена изјава на Сари ден откако што Јуве го обезбеди седмото последователно и вкупно 34. Скудето. Зошто во хотелот? Откако што Јувентус во драматичниот натпревар со 3:2 го победи Интер, ден подоцна Наполи загуби од Фиорентина со 3:0.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сари играчите наместо да спијат ги собра во ресторан за сите заедно да го гледаат дуелот Интер-Јуве. Иако тогаш Интер водеше 2:1 до 85. минута, на крајот „Старата дама“ успеа да победи, а Наполитанците доживеаа еден вид психолошко нарушување.

„Јасно е дека Јуве е посилен во секој поглед, но не ги гледав доволно за да кажам дека се најдобри. Требаше порано да си одам во соба таа сабота во Фиренца. Тимот претрпе психолошки удар поради начинот на кој дојде до тој пресврт и неговито тајминг. Поради тоа мислам дека во хотелот ја загубивме титулата, а не на теренот“, изјави Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВИДЕО Голот на Влаховиќ – еден од најубавите потези во второто коло во ЛШ

Во Лигата на шампионите во дресот на Јувентус блесна и напаѓачот на српската фудбалска реп…