Маурицио Сари денеска и официјално беше презентиран како нов тренер на Јувентус.
Искусниот Италијанец истакна дека не се чувствува дека го изневерил Наполи и според него Јувентус е највисокото достигнување во неговата кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во Наполи дадов се од себе. Потоа решив да преминам преку големо искуство во Премиер Лигата. Јуве е најдобриот италијански клуб токму сега и ми даде шанса да се вратам во Италија. Очекувам возбудлива сезона, особено за тренерите. Имаме долг пат да поминеме, но се надевам дека првенството ќе почнува да ја стигнува Премиер лигата. Во мојот живот сум ги почитувал сите и сум давал 110 проценти за секој дрес за кој сум работел. Така ќе биде и сега, ќе дадам се од себе“, истакна Сари.
Сари испрати и една порака до Кристиано Роналдо за тоа што очекува од него.
„Во Челзи тренирав многу силни играчи, ама тренирањето на Роналдо е чекор напред. Сакам да му помогнам да собори нови рекорди. Јас тренирав играч со најдобар учинок за голови во Серија А во една сезона. Сакам да бидат двајца, тоа ќе биде огромно задоволство“, рече искусниот стручњак.