Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејден Санчо призна дека воопшто не размислува за трансфер во Манчестер Јунајтед.
Англичанецот беше главна тема ова лето и силно се поврзуваше со трансфер на „Олд Трафорд“, но Јунајтед не се согласи да ја плати целата која ја бараа „милионерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Медиумите секогаш се обидуваат да направат приказна, но тоа е нормално. Јас сум целосно фокусиран на фудбалот. Сакам да дадам се од себе за мојот тим и да се бораме заедно за трофеи“, истакна Санчо.
„Уништен сум кога играм слаб натпревар. Се чувствувам многу лошо. Затоа секогаш сакам да играм добро и да им покажам на луѓето што можам. Не можам да издржам кога играм лошо. И сакам да покажам што можам веќе на следниот натпревар“, додаде Англичанецот.