Дома Фудбал Останато Санти Казорла како во најдобрите денови – со Чави доминираат во Катар!

Санти Казорла како во најдобрите денови – со Чави доминираат во Катар!

Санти Казорла со 11 голови и 10 асистенции е најзаслужниот играч што Ал Сад ќе го врати шампионскиот трофеј во својата земја.

Казорла и Чави како некогаш во златниот период на „Црвената фурија“. Додека легендата на Барселона одлично го води клубот од клупата, Санти Казорла доминира на теренот. Многу веројатно е дека Казорла ќе биде прогласен за најдобар играч на катарското првенство на крајот од сезоната.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Титулата на Ал Сад не се доведува во прашање затоа што овој клуб има 13 бодови предност во однос на второпласираниот Ал Духаил на пет кола пред крајот. Само една победа ги дели Чави, Казорла и друштвото од обезбедување на титулата, Казорла беше човек на одлуката против Ал Араби.

Со головите на Багдад Баунеди и Санти Казорла Ал Сад го сруши Ал Араби (3:2) и така ја стави едната рака на пехарот. После големите проблеми со повреди кои ги имаше во текот на целата кариера Казорла се пронајде себе си и потсети на деновите кога немаше проблеми со повредите.

Играта на Ал Сад се основа на она што ќе го направи Казорла кој има целосна слобода на теренот. На 36 години игра како во најдобрите денови, изгради одличен однос со соиграчите и стана вистински миленик на навивачите.

Ако се земе во предвид неговата репутација, учинокот сезонава (11 голови, 10 асистенции) и тоа што Ал Сад ќе биде шампион огромни се шансите тој да биде прогласен за играч на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Расел по голема борба со Ферари славеше на спринтот во Кина

Британецот Џорџ Расел триумфираше на првата спринт трка од сезоната во Кина. Расел ја запо…