Веќе и официјално е потврдено дека Чави Хернандез ќе биде новиот тренер на Барселона.
Чави вчера се збогуваше со раководството и играчите на катарскиот клуб, а во понеделник се очекува да биде и претставен пред медиумите. Дебито ќе го има после репрезентативната пауза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Легендата на Барселона сега испрати порака до фудбалерите.
„Ние сме Барса, најдобриот клуб во свеотт и треба да победуваме, нерешно и пораз нема да бидат опција. Затоа ќе работиме максимално, целите се јасни. Влегувам позитивно во оваа работа и верувам дека ќе успееме“.
„Ова е најголемиот предизвик во мојата кариера, се враќам дома во Барса и многу сум среќен. Возбуден сум што се враќам. Како играч вои Барса не сум бил само во најдобрите периоди, сум поминал и лоши времиња“, изјави Чави.
Бускетс, Пике, Серхи Роберто, Алба и Тер Штеген се актуелните играчи на Барса кои беа соиграчи со Чави.
„На тоа гледам како предност, ги познавам добро и знам како тренираат и знам дека се тимски капитени“, истакна легендата на Каталонците.