Дома Топ вести Казорла ќе игра фудбал и на 40 години!

Казорла ќе игра фудбал и на 40 години!

Санти Казорла ќе ја продолжи фудбалската кариера и на 40 години. Поранешниот шпански репрезентативец потпиша нов едногодишен договор со Овиедо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Казорла се врати во шпанскиот фудбал минатата година, откако помина три сезони во Ал Сад.

Со Овиедо малку фалеше да се пласира во Ла Лига, неговиот тим прво го победи Еспањол со 1:0, но во баражот загуби со 0:2, па така и во следната сезона ќе биде дел од Сегунда.

Поголем дел од кариерата овој шпански ветеран помина во Виљареал каде што се враќаше на трипати, но исто така и од 2012 до 2018 година беше дел од Арсенал.

Казорла одигра и 81 натпревар во дресот на шпанската репрезентација во кои постигна 15 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…