Дома Фудбал Лига на шампиони Сампаоли незадоволен: Заслуживме повеќе!

Сампаоли незадоволен: Заслуживме повеќе!

Тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли по победата над Лестер со 2:1 истакна дека не е задоволен од резултатот и дека неговиот тим требало да оствари поубедлива победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бевме многу подобри од противникот и направивме 10 чисти гол шанси. Заслуживме подобар резултат“, истакна Сампаоли.

На „Роман Санчез Писхуан“ домаќините имаа сериозна предност, пропуштија и пенал во првото полувреме, но „лисиците“ ја искористија својата шанса и забележаа вреден гол на гостински терен преку Џејми Варди.

„Тие направија многу малку, но на крајот ја постигнаа својата цел. Мислам дека заслуживме повеќе. Имавме многу шанси против тим кој се брани длабоко што не е лесно. Погодивме и две греди. Жално е што имаме толку мала предност по таква сериозна предност на теренот. Сега треба да одиме во Лестер и да бараме победата“, заклучи аргентинскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Невидена ситуација на Светското првенство: Репрезентацијата најде нов тренер среде натпреварување!

Едно од најголемите разочарувања на ова Светско првенство досега е несомнено Тунис, кој пр…