Дома Трансфер зона Само што заврши трансфер пазарот, Милан договори зимско засилување

Само што заврши трансфер пазарот, Милан договори зимско засилување

Милан во летниот преоден рок не успеа да доведе дефанзивец, па тоа ќе биде приоритет за „росонерите“ во јануари.

„Спортмедиасет“ пренесува дека главна мета за Милан и понатаму останува дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Милан веќе постигна договор со агентите на турскиот репрезентативец, но не успеа да се договори со Шалке околу обештетувањето.

„Росонерите“ понудија 20 милиони евра со бонуси, а Шалке не сакаше да попушти и бараше најмалку 25 милиони евра за својот играч.

Контактите помеѓу двата клуба продолжуваат и понатаму, па се очекува во јануари Кабак сигурно да го засили миланскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…