Тенискиот свет се уште е под еуфорија после вчерашното финале на Вимблдон, кое според многумина е најдоброто одиграно во историјата.
Ѓоковиќ и Федерер одиграа епско финале, Србинот спаси две меч топки и ја освои 16-та Грен Слем титула, па му се доближи на Швајцарецот на само четири титули.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После вчерашното финале се разгоре полемиката кој е најдобриот тенисер во историјата на „белиот спорт“, а хрватски новинар напиша текст за „Индекс“, со кој можеби дава најдобро објаснување зошто Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња.
„Новак е најдобар на сите времиња, тоа нема да го признаат само најтврдокорните фанови на Федерер и Надал“, тврди новинарот, а потоа дава објаснување.
„Ѓоковиќ со освојувањето на Вимблдон се доближи на две Грен Слем титули до Надал и четири до Федерер. Тој број на титули е единственото нешто поради кое се тврди дека Федерер е најдобар на сите времиња, се друго е на страната на Ѓоковиќ“.
Текстот за кој денес зборува целиот Балкан може да го прочитате ТУКА.