Дома Фудбал Англија Само еден клуб во ПЛ шутира полошо пенали од Манчестер Јунајтед

Само еден клуб во ПЛ шутира полошо пенали од Манчестер Јунајтед

0

Oд почетокот на сезоната во Премиер лигата се одиграа само четири кола, Манчестер Јунајтед има два промашени пенали. Ако се погледне на малку подолг период изненадувачки е податокот дека „црвените ѓаволи“ се едни од најлошите изведувачи на пенали во најсилната англиска конкуренција.

Пол Погба и Маркус Рашфорд промашуваа за Јунајтед оваа сезона. Кога би ги погледнале последните десет сезона само еден тим има полош учинок како Јунајтед.

Во последните 10 сезони Манчестер Јунајтед промашил 17 пенали од 58 обиди. Најмногу пати непрецизен бил Вејн Руни (пет), а за подобра статистика не помогнаа и играчи како Ван Перси, Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ.

Засега само Норвич од Премиер лигата има полош учинок од Јунајтед. Канаринците промашиле 16 пенали од 43 обиди.

Најдобра статистика во овој сегмент има Вест Хем. Од 40 пенали исто така во период од 10 години „Чеканите“ реализирале 35.

Најмногу пенали во тој период добил Бурнемоут (78), играчите на Кристал Палас два пати помалку шутираа најстрога казна. Трет е Сити со 68, колку што имаат Дерби Каунти и Рединг. „Граѓаните“ реализирале 54.

Интересен учинок има Сандерленд кој имаше серија од 23 реализирани пенали во низа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Слободни удари: Меси па – Коларов!

Александар Коларов дефинитивно е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот…