Дома Фудбал Останато „Само двапати ме измамиле во животот – првпат кога нарачав три кебапи, вторпат со Роналдо“

„Само двапати ме измамиле во животот – првпат кога нарачав три кебапи, вторпат со Роналдо“

Кристијано Роналдо на почетокот на годината го напушти највисокото ниво во европскиот фудбал и замина во Саудиска Арабија во Ал Наср каде што заработува околу 200 милиони евра.

На 14 натпревари за Ал Наср постигна 11 голови, но неговиот тим испадна од купот, а тешко дека ќе дојде и до лигашката титула. Сето тоа го натерало претседателот на клубот Мусаил Ал-Муамар да ја критикува португалската ѕвезда.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


За него посебно болно е испаѓањето од купот, па медиумите пренесуваат изјава која наводно тогаш ја дал за арапските медиуми.

„Во животот само двапати ме измамиле. Првиот пат кога нарачав три кебапи, а ми добив два. Втората измаме е потпишувањето на Кристијано Роналдо“, наводно изјавил Ал-Муамар.

Сепак останува отворено прашањето дали оваа изјава, која ја пренесува и „Мундо Депортиво“ навистина билка кажана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валенсија игра во одлична форма – седум меча по ред не знае за пораз (Видео)

Фудбалерите на Валенсија продолжуваат со импресивната низа без пораз, откако денеска одигр…