Дома Актуелно Салах се израмни со Ван Перси и Руни, пред не го се само Агуеро, Кејн, Џерард и Роналдо

Салах се израмни со Ван Перси и Руни, пред не го се само Агуеро, Кејн, Џерард и Роналдо

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за играч на месецот во октомври во Премиер лигата.

Египќанецот оваа награда ја добива по петти пат со што се изедначи со Робин Ван Перси и Вејн Руни.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Од активните фудбалери никој нема повеќе награди од него, а само Серхио Агуеро, Хари Кејн, Стивен Џерард и Кристијано Роналдо низ историјата ја освојувале оваа награда повеќе пати.

Салах во октомври одигра пет натпревари во кои постигна исто толку голови, а во просек му беа потребни 54 минути за секој гол. Ливерпул во тој период играше со Нотингем и Евертон и ремизираше со Брајтон.

Вкупно сезонава Салах одигра 11 натпревари, постигна осум гола и додаде четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Шкендија се засили со Роналдо

Напаѓачот од Јамајка, Роналдо Вебстер кој првиот дел од сезоната го мина во Брегалница е н…