Дома Трансфер зона Салах може да биде „новиот Кутињо“

Салах може да биде „новиот Кутињо“

Роналд Куман откако седна на клупата на Барселона е спремен да направи голема реконструкција на тимот.

Откако заврши сагата со Лионел Меси на „Камп Ноу“, Каталонците може да се посветат на нови засилувања.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британски „Експрес“ пишува дека Мохамед Салах е главна желба на Куман, но поради неговиот статус во Ливерпул, тешко ќе се реализира трансферот.

Не е тајна дека и претходно Барса пројавила интерес за првата ѕвезда на „црвените“, но тогаш активна беше клаузулата од договорот со Кутињо, во која шпанскиот тим не смееше две години да пазари од „Енфилд“. 

Сега и самиот Салах покажува интерес за преселба на „Камп Ноу“, а тоа може да го навлече бесот на навивачите на Ливерпул.

Сепак, за реализација на овој трансфер на Барселона сигурно ќе и бидат потребни околу 200 милиони евра, па поради тоа тоа трансфер е многу тежок за реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …