Дома Фудбал Италија Савиќ се огласи откако Сусо го „извади“ од копачки (ВИДЕО)

Савиќ се огласи откако Сусо го „извади“ од копачки (ВИДЕО)

Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ се огласи после незгодната повреда која ја заработи во вчерашниот натпревар против Милан.

Популарниот СМС се лизна и падна на земјата после едно нагло движење на Сусо, а во тој момент изгледаше како да му настрада коленото. Навистина повредата изгледаше лошо, дури и самиот Савиќ заплака кога го напушташе теренот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, изгледа дека не се работи за така тешка повреда како што изгледаше во прв момент, а за тоа сведочи и изјавата на Србинот.

„Добро сум. Мислам дека не е во прашање ништо страшно. Можам да одам со мали болки“, порача Милинковиќ-Савиќ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Германците удрија по Нагелсман поради Сане: Ако е така, тогаш ниту Роналдо не треба да игра за Португалија!

Германската фудбалска репрезентација со променливи резултати го заврши септемврискиот квал…