Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Барселона добија по два натпревари суспензија за борбата во боречки стил во дербито во Ла Лига.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми шпекулираа дека казната за Торес и Савиќ може да биде од 4 до 12 натпревари, но сепак двајцата поминаа со по казна од два натпревари.




Савиќ и Торес беа исклучени во 92. минута откако влегоа во жесток дуел во неделното дерби. Црногорскиот стопер ќе ги пропушти натпревари на Атлетико с Алмерија на гости и Ваљадолид дома.




Торес на Чави нема да му биде на располагање за натпреварите со Гетафе дома и Гирона на гости.




Во извештајот од натпреварот судијата навел дека Савиќ го фатил Торес за врат, а Шпанецот возвратил со кубење за коса. Барселона ќе потсетиме славеше во дербиото со 1:0.