Во спортските медиуми се уште една од главните теми е смртта на поранешниот хокеар Константин Колцов. Колцов во јавноста беше познат и како момче на тенисерката Арина Сабаленка, меѓутоа како што Белорусинката сега кажа тие се разделиле пред извесен период.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сабаленка два дена по големата трагедија за првпат се огласи во јавноста и зборуваше на оваа тема.
„Иако не бевме заедно, смртта на Константин за мене е незамислива трагедија. Ве молам да ја почитувате мојата приватност и приватноста на неговото семјство во овој тежок момент“, објави Сабаленка.
Засега не е познато кога се разделиле, а Колцов и беше пддршка на Австралија Опен во јануари каде што Сабаленка ја освои титулата. Во врска парот беше околу три години.