Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ ќе ги награди кадетите за златото во Летонија

РФМ ќе ги награди кадетите за златото во Летонија

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, на денешната средба со кадетите кои на ЕХФ шампионат во Летонија го освоија златниот медал им вети парична награда од 700.000 денари.

Македонските кадети со освојувањето на турнирот обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.

Мукаетов им го честиташе успехот на ракометарите и стручниот штаб, и на сите што дадоа придонес за овој резултат.

Воедно, првиот човек на македонскиот ракомет посочи дека репрезентацијата ќе биде наградена со 700.000 денари, откако одлуката за премијата ќе помина на Управен одбор. 

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Андонова стрелец во победата над Атлетико Мадрид🎥

Македонската репрезентативка Наташа Андонова блескаше за Леванте во победата над Атлетико …