Марио Манџукиќ требаше кариерата да продолжи во Локомотив Москва, но тоа нема да се случи.
34 годишниот фудбалер пристигнал пристигнал веројатно на потпис на последниот договор во кариерата, но таму сфатил дека Русите сакаат да го измамат. Имено, Манџукиќ се договорил за плата од 2.4 милиони евра по сезона и договор на две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот новинар Нобел Арустајман објави дека клубот сакал со една клазула да се заштити и да го измами Манџукиќ.
„Манџукиќ договори се со Локомотив, така и плата од 2.4 милиони евра годишно, но на потпишувањето на документите неговиот адвокат откри клазула која ги расипа работите. Локомотив во договорот додал клазула според која платата на Манџукиќ ќе се смета од фиксни 75 рубљи за едно евро. Тогаш се било прекинато и трансферот пропадна“, објави новинарот.
Руските клубови инаку практикуваат во договорите на играчите вградат ваква валутна клазула бидејќи рубљата е склона кон девалвирање, па ако не се заштитат многу брзо би морале да исплаќаат поголеми суми од договорените. Затоа во договорот на Манџукиќ стоеле фиксни 75 рубљи за едно евра. Измамата се крие во тоа што на Манџукиќ никој претходно не му го кажал тоа, а едно евро во Русија во овој момент се менува за 92.8 рубљи. Значи Манџукиќ од Локомотив би добил прилично помалку од 2.4 милиони евра.