Дома Фудбал Германија Румениге: Сезоната мора да заврши, ќе одмараме на зима

Румениге: Сезоната мора да заврши, ќе одмараме на зима

Легендата на германскиот фудбал и претседател на извршниот одбор на Баерн Минхен, Карл Хајнц-Румениге смета дека сезоната во Германија мора да биде завршена.

Румениге смета дека не смее во ниту еден случај да се поништат првенствата и треба да продолжат после завршувањето на пандемијата, дури и ако следната сезона започне подоцна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„За да не ги нарушиме нашите првенства, би било добро да ја завршиме актуелната сезона. Тоа ќе влијае на опстанокот на многу клубови, меѓу кои и германските, а така ќе избегнеме и економска катастрофа без преседан. Тоа е единствен начин. Поради тоа мислам дека треба да се продолжи сезонава најдоцна до септември, а според тоа сценарио ќе имаме и одмор на зима“, вели Румениге.

Претходно раководството на Бундеслигата ги прекина натпреварите поради пандемијата на коронавирус на неопределено време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…