Лионел Меси е блиску до заминување од Барселона во овој преоден рок и се поврзува со многу европски гиганти.
Интер, Манчестер Сити, ПСЖ, Баерн…Се некои од клубовите кои се поврзуваат со најдобриот фудбалер на сите времиња. Новинарите на италијански „Тутоспорт“ ги интересираше дали Баерн ќе се обиде да го доведе Аргентинецот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Такво прашање му поставија на претседателот на Баерн Карл Хајнц Румениге.
„Нема да се обидеме да го доведеме. Не можеме да го платим, тоа против нашата политика и филозофија. Да бидам искрен, веста дека Меси ќе си замине ме прави тажен. Лео испиша историја во тој клуб и треба таму да ја заврши кариерата“, изјави Румениге.