Дома Останати Руиз се врати во САД и призна: Јадев се и испив премногу пиво

Руиз се врати во САД и призна: Јадев се и испив премногу пиво

Ентони Џошуа во саботата го победи Енди Руиз и така ја врати титулата светски шампион во тешка категорија.

Руиз пред неколку месеци го победи Џошуа и стана светски шампион, но тоа кратко траеше. Џошуа во реваншот со едногласна одлука на судиите ја врати титулата.

Но, пред натпреварот Руиз ги шокираше сите на официјалното мерење бидејќи имаше повеќе од 128 килограми. Никој не можеше да верува како толку се опуштил, изгледаше како воопшто да не тренирал.

После мечот го критикуваше неговиот татко кој порача дека Енди премногу уживал во славата и парите после победата, како и дека на тренинзите воопшто не мислел.

Руиз откако се врати во САД на аеродромот даде искрена изјава и ја призна својата грешка.

„Јадев се. Поради тоа толку добив на тежина. Уживав во храната и славев премногу .Бв со пријателите и секој ден ја славевме таа победа. Испив и премногу пиво“, искрен беше Руиз.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шарапова му кажа збогум на тенисот

Марија Шарапова реши да ја заврши тениската кариера, поради хронична повреда на рамото оди…