Дома Фудбал Останато Рој Кин на денешен ден стана најплатен фудбалер во Премиер лигата – платата за денешни услови е „ситница“

Рој Кин на денешен ден стана најплатен фудбалер во Премиер лигата – платата за денешни услови е „ситница“

Рој Кин е апсолутна легенда во Англија.

Името легендарниот Ирец го стекна во Нотингем Форес, а славата во Манчестер Јунајтед за кој настапуваше од 1993 до 2005 година.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Кин важеше за голем борец на теренот кој влегува жестоко во сите дуели и поради тоа беше омилен кај Алекс Фергусон.

Не се штедеше Сер Аелкс кога на Кин во 1999 година му нудеше нов договор. Тоа беше најголемиот договор во англискиот фудбал и понудена му беше плата од 50.000 фунти неделно.

Така Кин стана најплатен фудбалер во Премиер лигата. Зад себе ги остави Алан Ширер и Данкан Фергусон од Њукасл, Масело Дасаили и Дешамп од Челзи кои имаа плата од 40.000 фунти.

Интересно е што денес многу по славниот Дејвид Бекам во тој период имаше плата од 20.000 фунти.

Наводно тогаш Кин имал многу подобра понуда од Италија. Нудени му биле 70.000 фунти од Интер, но тој одлучи да остане во Манчестер Јунајтед кој му гарантираше проштален натпревар и повеќе спонзорски договори.

На крајот Кин остана во Јунајтед. Денес сумата од 50.000 фунти неделно не им значи многу на клубови како Манчестер Јунајтед каде што платите се огромни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположен…