Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Рој Кин критикува: Ако си Стерлинг или Грилиш, не можеш да стоиш и гледаш како дете шутира клучен пенал!

Рој Кин критикува: Ако си Стерлинг или Грилиш, не можеш да стоиш и гледаш како дете шутира клучен пенал!

Совршен почеток и тажен крај, така може да се опише Европското првенство за репрезентација на Англија која доживеа пораз во финалето на пенали.

Во пенал серијата промашуваа Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо кои во игра влегоа во 120. минута токму за пенал серијата, клучниот пенал го шутираше 19 годишниот Бакајо Сако.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Санчо и Рашфорд имаат по 23, односно 21 година. Сака е помлад од нив и тоа беше забележано од многумина. Легендарниот ас на Манчестер Јунајтед, Рој Кин ги критикуваше постарите колеги како Стерлинг и Грилиш затоа што дозволиле таква одговорност да има дете.

„Ако си Стерлинг или Грилиш не можеш да стоиш тука и да гледаш како дете изведува клучен пенал пред тебе. Не можеш! Гајле ми е што другите ќе кажат, едноставно не можеш! Можеби Саудгејт ги избрал за шести или седми изведувачи, но со оглед на ситуацијата требаа да му пријдат на тоа момче и да му кажат дека тие ќе шутираат место него“, порача Рој Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…