Роналдо го пропушти натпреварот против Бреша одигран во вторникот поради полесна повреда.
Јувентус и без своите најголеми ѕвезди славеше со 1:2, а сега пристигнаа добри вести за сите навивачи на Старата дама.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено, Јувентус потврди дека Роналдо се приклучил на остатокот од екипата и денеска го одработил тренингот.
Португалецот нормално тренирал со екипата и се очекува да биде во стартната постава на Јувентус за саботниот дуел против СПАЛ.
Од друга страна, од Јувентус соопштија дека Алекс Сандро не го одработил денешниот тренинг поради семејни причини.