Репрезентацијата на Португалија го потврди пласманот на ЕП преку победата над Луксембург.
Португалија славеше со резултат 0:2 на стадионот „Џоси Бартел“ во Луксембург. Гостите дојдоа до водство преку Бруно Фернандес во 39. минута, а конечниот резултат го постави Роналдо во 86. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Асот на Јувентус дојде до 99. гола во дресот на репрезентацијата, но наиде на многу критики бидејќи му го “украде“ првенецот на Диего Жота за Португалија.
Сепак, Роналдо не беше загрижен за тоа, а имаше доста критики после натпреварот за теренот на кој беше одигран.
„Тешко е да се игра на ваков терен, беше како поле за компир.“ – изјави Роналдо после натпреварот и додаде:
„Не знам како мислат екипи од нашиот квалитет да играат на таков терен. Не беше спектакуларен натпревар, но ја завршивме работата. Со нетрпение го очекувам петото учество на ЕП.“
Да потсетиме, Португалија во Групата Б заврши на второто место, зад Украина и пред Србија.