Дома Фудбал Останато Роналдо откри како Зидан го мотивирал во Реал: Поради тоа секогаш ќе има посебно место во моето срце

Роналдо откри како Зидан го мотивирал во Реал: Поради тоа секогаш ќе има посебно место во моето срце

Поранешниот играч на Реал Мадрид Кристиано Роналдо во едно интервју неодамна откри неколку работи поврзани за односот со Зинедин Зидан.

Роналдо откри дека во првиот мандат на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид се чуствувал посебно.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Многу ми помогна. Уште на стартот имав голема почит кон него, но работата со него придонесе да бидам воодушевен. Начинот на кој разговараше со мене, правеше да се чуствувам посебно“.

„Самодовербата која му е потребна на еден играч, не зависи само од него, туку и од луѓето со кои е опкружен. Тука најмногу мислам на други играчи, но и на тренерот“, изјави Роналдо.

На крајот од разговорот Зидан откри која реченица на Зидан секогаш го мотивирала и која Французинот му ја повторувал.

„Често знаеше да ми каже да се одморам бидејќи ќе направам разлика. Јас сакав таа негова искреност и тоа е причината поради која ќе има посебно место во моето срце“, заврши Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …