![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2024/12/featured_image-81-850x491.jpg)
Одличното предвидување на Кристијано Роналдо за почетокот на Килиан Мбапе во дресот на Реал Мадрид стана вирално како никогаш порано откако Французинот се мачи на почетокот од кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.
Мбапе никако не може да блесне во Реал Мадрид и за неколку дена промаши два многу важни пенали за Реал, против Ливерпул и Атлетик Билбао, и клубот од Мадрид загуби во двете различни и најважни натпреварувања.
Дека Мбапе ќе има тешкотии во Мадрид, зборуваше Кристијано Роналдо пред два месеци. Сега неговите зборови станаа вирални, а медиумите и навивачите го истакнуваат одличното предвидување на Роналдо.
🚨 КРИСТИЈАНО РОНАЛДО за Мбапе (пред 2 месеци): “Ќе видиме дали неговиот ум е стабилен и дали може да ја издржи притисокот. Реал Мадрид не е ПСЖ, да ви кажам право. Сега оди во Мадрид и ќе прашате: дали Реал Мадрид ќе биде подобар со него? Не знаеме, треба да видиме”.pic.twitter.com/CBbx1SKIrc
— SrNaninho (@SrNaninho) December 5, 2024
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Во подкаст со Рио Фердинанд Роналдо зборуваше како ќе му биде тешко на Мбапе во Мадрид, иако дојде под епитетот на еден од најдобрите играчи на денешницата.
“Ќе видиме дали неговата глава е бистра и силна, дали може да се носи со притисокот бидејќи не е исто да се игра за ПСЖ и за Реал Мадрид. Јас ви го кажувам тоа, не е исто. Сега доаѓа во Мадрид и можете да се запрашате, дали Реал ќе биде подобар со него. Јас не сум сигурен, ќе видиме”, рече Роналдо.
Неговите сомнежи брзо се потврдија како исправни бидејќи одличниот Французин не блеска и е под константен притисок за кој, изгледа, уште нема одговор, токму како што најави Роналдо.
Затоа, повеќето светски медиуми потсетуваат на Роналдовото предвидување. Португалецот додаде дека Реал сè уште има фантастични играчи, но никој не знае дали можат да ги повторат успесите од минатата сезона.
🔮 Предвидувањето на Кристијано за настапот на Мбапе за кое зборува целиот свет
— Diario AS (@diarioas) December 5, 2024
▶️ Во подкаст со Рио Фердинанд, Кристијано ја остави оваа рефлексија за Мбапе и Мадрид која има повеќе смисол од кога било по последните настани. https://t.co/2kLhTjCyfm