Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо до Пепе: Продолжи да играш, а јас ќе бидам победникот

Роналдо до Пепе: Продолжи да играш, а јас ќе бидам победникот

Искусниот Португалец Пепе на „Алијанц стадионот“ одигра фантастичен натпревар против Јувентус и ја воодушеви фудбалската јавност на 38 години.

Порто беше поразен во Торино со 3:2, но успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а сега е откриена интересна конверација помеѓу двајцата сонародници, Пепе и Роналдо.

Пепе по еден дуел во првото полувреме се жалеше на повреда и тоа го испровоцира Роналдо да испрати провокација за да го мотовира да остане на теренот.

„Продолжи да играш, јас ќе бидам победникот без разлика дали со тебе или без тебе на теренот“, порача Роналдо.

Роналдо победи во тој натпревар, но затоа Пепе со Порто помина во следната фаза и португалскиот претставник се најде помеѓу најдобрите осум во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…