Дома Фудбал Останато Роналдо го повика во Италија, сега стигна одговорот од Меси!

Роналдо го повика во Италија, сега стигна одговорот од Меси!

Лионел Меси му одговори на најголемиот ривал на предизвикот кој му го постави пред две недели.

Кристиано Роналдо го промени клубот ова лето и од Реал Мадрид премина во Јувентус, но големата форма ја задржа и во Серија А.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Неодамна на едно новинарско прашање дали му недостасува Меси, одговори на следниот начин:

„Не. Јас играв во Англија, Шпанија, Италија и Португалија. Освоив титула со репрезентацијата. Тој цела кариера е во Барселона и Шпанија. Поради тоа можеби јас повеќе му требам него. Животот е предизвик и јас сакам предизвици. Би сакал Меси да го направи она што што го направив јас, да дојде во Италија. Сепак, тој самиот носи одлука за неговата кариера и треба да се почитува доколку сака да остане во Барселона“, гласеше изјавата на Роналдо.

Меси сега му одговори во интервју за „Марка“.

„Дали ќе го прифатам предизвикот на Роналдо да играм во Италија? Мене не ми требаат никакви предизвици. Играм во најдобриот тим во светот. Тука си поставувам предизвици од година во година. Не треба да ги менувам клубовите за да си поставувам предизвици“, одговори Меси.

Потоа зборуваше и за ривалството со Роналдо.

„Нашето ривалство во Ла Лига беше здраво и спортско, а гледачите секогаш можеа да уживаат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…