Дома Фудбал Останато Роналдињо – како го добил прекарот, голот против Англија, најтешкиот противник…

Роналдињо – како го добил прекарот, голот против Англија, најтешкиот противник…

Познатиот магазин „Fourfourtwo“ во 2014 година успеа да направи големо интервју со легендарниот Бразилец, Роналдињо, кое секогаш ќе се памети.

Ова интервју овие денови повторно е актуелно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Помеѓу другото легендарниот Бразилец во ова интерјув откри како го добил прекарот Роналдињо.

„Луѓето од моето опкружување никогаш не ме нарекувале Роналдињо. Кога во 1999 година го дадов својот прв гол за Бразил, тогаш најпознатиот спортски коментатор од татковината ме нарече Роналдињо Гаучо бидејќи доаѓа од „Гранде Де Сул“, но и поради тоа што самиот Роналдо го нарекувал Роналдињо. Тоа навистина беше комплицирано во тоа време“, изјави Роналдиљо.

Роналдињо потоа даде одговор на прашањето против кого му било најтешко да игра.

„Дефинитивно тоа е Паоло Малдини. Имаше премногу вештини и изгледаше како да игра без напор“, јасен беше Бразилецот.

Дали навистина постигнавме 23 погодоци како тинејџер? Колку слаб беше противникот?

„Да навистина, но тие деца беа навистина лоши. Игравме фудбал и тоа поради забава. Јас веќе играв тогаш за младинскиот тим, тоа многу објаснува“.

Слободниот удар против Англија во 2002. Дали забележа дека голманот Дејвид Симан е излзен?

„Забележав. Беше излезен барем пет метри. Навистина шутирав кон голот, иако не знаев точно каде топката ќе заврши. Се што сакав е да му создадам проблем на Симен. Тоа беше голем гол во можеби мојот најдобар натпревар за Бразил на тоа Светско првенство. Асистирав, постигнав гол и бев исклучен, а во кариерата не бев многу пати исклучен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…