Дома Фудбал Останато Роналдињо денес во затвор го слави својот 40. роденден

Роналдињо денес во затвор го слави својот 40. роденден

Легендарниот Роналдињо се уште се наоѓа во затвор откако со лажни документи влезе во Парагвај.

Роналдињо и неговиот брат беа уапсени во хотелската соба веднаш по влегувањето во државата и веќе десетина дена се наоѓаат зад решетки.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бразилецот се обидуваше да излезе од затвор, но неговите молби беа одбиени и ќе мора да го чека судењето. Него му се заканува затворска казна од шест месеци поради фалсификувањето на документи, Роналдињо се правдаше дека нема врска со тоа и неговото тврдење ќе се обиде да го докаже на суд.

Во затворот Роналдињо ужива голема популарност пред неколку дена играше и на турнир кој секако го освои неговата екипа. Во финалниот натпревар Роналдињо постигна шест гола и пет пати асистирал во победата од 11:2.

Денес Роналдињо во затворот ќе го прослави неговиот 40. роденден и веројатно никогаш не сонувал дека еден свој роденден ќе слави во затвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос се случувал на теренот во Синѓелиќ, фудбалерите на Охрид добивале закани, а им било кажано: Играјте и ќутете!

Фудбалскиот клуб Охрид преку официјално соопштение остро реагираше на условите и случувања…