Дома Фудбал Останато Роналдињо демантира: Не се женам, тоа е најголемата лага!

Роналдињо демантира: Не се женам, тоа е најголемата лага!

Бразилските и светските медиуми во текот на вчерашниот ден пренесуваа вест дека легендарниот Роналдињо се оженил со две жени во ист ден, но денес стигна демант од самиот Роналдињо.

Поранешната ѕвезда на ПСЖ, Барселона, Милан и Бразил е во фудбалска пензија откако се прости од фудбалот пред три години, но официјални се повлече дури во 2018 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Веста гласеше дека Роналдињо во август во Рио ќе се ожени со две партнерки со кои веќе неколку години живее во вонбрачна заедница.

Според тоа 39 годишниот Роналдињо требаше да стапи во брак со Присила Коељо со која е во врска од 2013 година и Беатрис Соуза која ја запозна три години подоцна.

„Цел свет ме бара. Нема да се женам и тоа е најголемата лага“, изјавил Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дарио Ивановски со историски подвиг – нов национален рекорд на 10.000 метри

На денешната трка од националниот Куп, која се одржа на Националната арена „Тодор Проески“…