Дома Фудбал „Родриго Гоеш ќе вечера со Меси и Роналдо на иста маса, Ансу Фати нема да добие ниту десерт“

„Родриго Гоеш ќе вечера со Меси и Роналдо на иста маса, Ансу Фати нема да добие ниту десерт“

Родриго Гоеш имаше магична вечер против Галатасарај во Лигата на шампионите (6:0).

Гоеш во тој натпревар постигна совршен хет-трик (лева нога, десна нога, глава) и асистираше за Карим Бензема.

Очекувано после тој натпревар следуваа пофалби од сите страни, а „Марка“ привлече внимание со интересниот опис во кој го вмеша и Ансу Фати.

„Родриго, познат како момчето молња ќе вечера на иста маса со Роналдо и Меси, но Ансу Фати нема да добие ниту десерт“, пишува новинарот на „Марка“, Жунам Родригез и додава:

„Родриго и Ансу не можат да се поредуваат. Фати е многу, многу далку од Родриго. За Родриго сигурен сум дека ќе тргне по стапките на Роналдо и Меси“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус уште ќе чека на ЛШ, Лион ќе игра во Лисабон, Варан трагичар за Реал 🎥

После долга пауза вечерва се одиграа дел од реванш натпреварите во двомечите Јувентус – Ли…