Поранешниот бразилски фудбалер, Роберто Карлос зборуваше за тренерите кои имаа најголемо влијание во неговата кариера.
Карлос од Бразил во Европа дојде во Интер каде што го тренираше Рој Хоџсон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Хоџсон ме уништи. Ме стави да играм централно во средниот ред. Така немав шанса да играм за Бразил на Копа Америка во 1997 година. Не е дека не се согласувавме, но мислам дека проблем беше што тој не знаеше многу за фудбалот. Потоа разговарав со претседателот Масимо Морати и му кажав дека сакам да си одам“, се потсети Карлос.
Англискиот стратег во текот на богатата кариера помеѓу останатите ги водеше Ливерпул, Фулам , швајцарскиот и англискиот национален тим, а од 2017 година е на клупата на Кристал Палас.
Хоџсон тогаш сметаше дека Карлос не е доволно дисциплииран за да игра како лев бек. Откако ја напушти Италија Карлос се пресели во Реал каде што под водство на Фабио Капело играше фантастичен фудбал
„Во Мадрид отидов поради Капело. Тој беше најважниот тренер во мојата кариера и мојот живот“, призна легендарниот бразилски фудбалер.
Во Реал Карлос се задржа до 2007 година. За тоа време одигра 527 натпревари и три пати ја освои Лигата на шампионите (1998, 2000 и 2002), два пати Интерконтиненталниот куп (1998 и 2002) и четири пати шпанското првенство (1997, 2001, 2003 и 2007).