На прес-конференцијат по натпреварот зборуваше капитенот Стефан Ристовски.
Ристовски истакна колку е пресреќен за победата и уште еднаш порча дека македонската репрезентација е едно големо семејство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Убаво е ова чувство. Преполн сум со емоции…Колку и да звучеше дека пред натпреварот немаме притисок, сепак тој се чувствуваше. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари, баражи за европско и светско. Имаме квалитени играчи кои играат во силни првенства и тоа ја направи разликата. Мене ми е драго што донесовме нова радост на македонскиот народ. Оваа соблекувална црн, бел, Албанец, Македонец…Има само еден дрес и за него играме сите“.
„Мило ми е што го сплотивме народот. Денес Македонија покажа дека сака да оди напред и да се избори за тој бараж. Многумина не отпишаа пред време, но ете тука сме во бараж. Не сме репрезентација со многу играчи, кога недостастуваат неколкумина се појавува проблем“, изјави Ристовски.