Дома Фудбал Лига на шампиони Ристовки ги мина сите минути на теренот на Спортинг, Атлетико Мадрид очекувано во осминафиналето (ВИДЕО)

Ристовки ги мина сите минути на теренот на Спортинг, Атлетико Мадрид очекувано во осминафиналето (ВИДЕО)

Локомотив Москва е првата екипа која го обезбеди пласманот во осминафиналната фаза во Лига Европа, славејќи над Ница на домашен терен со минимални 1:0.

Нашиот интернационалец, Стефан Ристовски го одигра целиот меч за Спортинг Лисабон кој играше против Астана, натпревар одигран со многу погодоци односно 3:3.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Виљареал на гости беше поразен од Лион со 1:0, благодарение на погодокот на Траоре во 86. минута.

Наполи пак, славеше кај Лајпциг со 2:0 и ја потврди фаворитската улога од првиот меч.

Во останатие натпревари Атлетико Мадрид славеше на Копенхаген со 1:0, Динамо Киев и АЕК одиграа без погодоци. Лацио беше убедлив против Стеауа со високи 5:1.

Екипата на Плзен славеше над Партизан со 2:0, а во последниот меч во терминот од 19:00 часот, Зенит славеше со 3:0 над Селтик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал договори трансфер на ѕвезда вреден 80 милиони евра во Германија

Арсенал синоќа се соочи против Баер Леверкузен во првата осмина финале од Лигата на шампио…