Дома Фудбал Ривалдо зборуваше за срамот на Барселона: Легендарниот Бразилец погоди во центар

Ривалдо зборуваше за срамот на Барселона: Легендарниот Бразилец погоди во центар

Ривалдо е еден од ретките играчи кои како членови на Барселона успеале да ја освојат Златната топка.

Барселона синоќа доживеа голем срам. Каталонците во четвртфиналето загубија од Баерн со неверојатни 8:2.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ова понижување на Барса го коментираше и Ривалдо, легендарниот Бразилец кој го носеше дресот на клубот од 1997. до 2002. година.

Клубот од Камп Ноу претходните години потроши огромни средства на засилувања кои не беа тука на теренот. За тоа зборуваше и Ривалдо.

„Нејмар е играч кој и е потребен на Барселона, има силен менталитет и не му е важно што игра со Меси, за разлика од други кои се чувствуваат понижено покрај Меси.“

„Проблемот на Барселона во овие години се засилувањата. Секогаш чинеа многу пари, а на теренот не правеа разлика.“ – порача Ривалдо.

За Барселона следува период на неизвесност бидејќи раководството освен нов тренер мора да направи промени и во играчкиот кадар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …