Дома Македонски спорт Репрезентацијата до 21 година ги започна подготовките за квалификациите за Европското првенство

Репрезентацијата до 21 година ги започна подготовките за квалификациите за Европското првенство

Репрезентацијата на Македонија до 21 година вчера официјално во Скопје ги стартуваше подготовките за престојните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2025 година во Словачка.

Селекцијата предводена од Драги Канатларовски на стартот на овие квалификации и гостува на незгодната Шведска. Во рамките на второто коло, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ја дочекуваме силната репрезентација на Холандија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Напаѓачот на Кишварда и еден од главните играчи на оваа млада селекција на Македонија, Марио Илиевски со нетпрение го очекува старот на квалификациите и првиот меч против Шведска.

Владее одлична атмосфера во репрезентацијата уште од самиот почеток, функционираме како еден тим. Подготвени сме сите заедно да го дадеме максимумот на секој натпревар што следи.

Ги воочивме грешките, извлековме голема поука и научивме многу од претходните контролни мечеви, поготово на тие кај што бевме поразени.

Од натпревар во натпревар се повеќе напредуваме, играме подобро и поквалитетно. Располагаме со одличен состав, сите со нетрпение го очекуваме стартот на квалификациите и првиот дуел со Шведска на гости.

Оваа генерација има квалитет, но и огромна желба за остварување на големи резултати. Очекувам на претстојните квалификации да одиграме на едно високо ниво, со голема борба и пожртвуваност и верувам дека доколку биде се во ред ќе имаме успешни квалификации.

Добро ја анализиравме играта на Шведска и на тимско и индивидуално ниво. Селекција која располага со многу квалитетни фудбалери кои настапуваат во големи европски клубови. 

Фокусирани сме максимално на првиот меч и дуелот со Шведска. Сакаме да ги отвориме квалификациите со победа и освојување на три бода.

Сигурен сум дека имаме квалитет и можеме да го повториме историскиот успех од 2017 година и учеството на тогашната ререзентација на Македонија на Европското првенство кое се одржа во Полска, подготвени сме тоа.

Младата репрезентација на Македонија денеска во 16 и 30. часот ќе го одржи вториот тренинг по вчерашниот собир во хотел Парк, во Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …