Дома Фудбал Италија Реми на „Меаца“, Лацио поблиску до победата

Реми на „Меаца“, Лацио поблиску до победата

Тимот на Интер ја продолжува серијата без победа овој пат „нероаѕурите“ одиграа реми без голови против тимот на Лацио во рамките од 19 коло во италијанската Серија А.

По ова реми Интер и после ова коло ќе остане на третата позиција со седум бодови негатива во однос на Наполи и три од Јувентус кој својот натпревар го игра вечерва против тимот кој е 19 на табелата, Верона.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Најдобрата прилика домаќинот ја имаше преку Перишиќ, но Стракош одлично интервенираше. На другата страна Сергеј го тестираше Хандановиќ, Бастос се обиде со глава, Борха Валеро ја погоди сопствената пречка кога неспретно реагираше во финишот.

Икарди беше отсечен и можеше да се види дека тимот на Спалети не е во формата од стартот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зидан ќе продолжи трпеливо да ја чека Франција, но има еден проблем

Француската легенда Зинедин Зидан останува апсолутен фаворит за позицијата на нов селектор…