Фантастичниот лоб на Горан Пандев многу веројатно ќе се најде помеѓу најубавите четири погодоци во Серија А за минатата сезона.
Пандев изведе вистинска мајсторија против Верона и заслужено неговиот гол ќе биде помеѓу најубавите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гала-вечерта во италијанскиот фудбал ќе се одржи во понеделник во Милано. До овој момент Пандев собра 12% од гласовите во изборот на „Скај Спорт“. Лидер е Мауро Икарди (24), па потоа следуваа Брињоли (18%), Сусо (14%) од Милан, па Пандев.
Гласањето ќе се затвори за четири дена па се очекува ремек-делото на македонската фудблска икона да заврши на четвртата позиција.
Tука можете да ги погледнете сите номинирани погодоци.