Дома Фудбал Режимот на Чави: Дембеле казнет затоа што задоцнил три минути

Режимот на Чави: Дембеле казнет затоа што задоцнил три минути

Чави Ернандез (41) постави прилично ригорозни правила откако седна на клупата на Барселона.

Легендарниот фудбалер сака вистински професионализам во тимот и очигледно смета дека во претходниот период фудбалерите го немале доволно. За несериозниот пристап во клубот прва „жртва“ е францускиот фудбалер Осман Дембеле.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Утрово Демебеле не се појавил во предвиденото време во тренинг-центарот. Дембеле задоцнил три минути и тоа ќе го чини. Против Французинот ќе биде отворена дисциплинска постапка затоа што во тренинг центарот пристигнал во 8:33 место во 8:30.

Инаку, Дембеле и претходно знаеше да има проблеми со дисциплината во клубот. Често пати обврските ги сфаќаше прилично несериозно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерва четири натпревари од плеј-офот на Лигата на шампионите: Во фокусот дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид

Четири натпревари од УЕФА Лигата на шампионите се на распоред вечерва, распоредени во два …