Дома Топ вести Реал после Белингам купува уште еден Англичанец

Реал после Белингам купува уште еден Англичанец

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната, а приоритет ќе бидат бековските позиции, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Прв на листата желби е десниот бек на Челзи и англиски репрезентативец, Рис Џејмс, кој се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.

Во шпанскиот гигант го гледаат 23-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.

Англичанецот неодамна стави потпис на нов договор со „сините“, но е отворен за преселба во Реал Мадрид.

На Реал сигурно нема да му биде лесно да го доведе и ќе треба добро да го одврзи кесето, бидејќи Челзи не сака да се откаже од Џејмс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…